ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Кипар

ПРОЛЕТ во КИПАР 

12.04 - 15.04.2020

Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!

ПРОГРАМА

1 ден (12.04.2020 – недела) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок со придружникот на групата во 15:50 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетуаме кон Ларнака, Кипар во 17:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, број на лет W6 7767. Слетуваме на аеродромот Ларнака во 21:10 часот. По завршување на пасошки и царински формалности следува организиран трансфер. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (13.04.2020 – понеделник) ЛАРНАКА – НИКОЗИЈА

Појадок во хотел. Одморени и спремни за нов ден на островот! За денес предлагаме факултативна посета на главниот град на Кипар, Никозија. Град поделен на 2 дела, со 130 000 жители и 2 различни временски зони! Самата помисла е посебна знаејќи дека сте во град кој е поделен на 2 држави (Грција/Турција), чија граница ја поминувате за 2 минути, а притоа менувате временска зона. Велат најинтересниот дел на грчката страна на градот е Laiki Getonia, што во превод би значело “Добар сосед”. Овој дел од градот изобилува со тесни улици каде се наоѓаат голем број на продавници, атељеа и кафе барови, вредни да бидат дел од Вашите спомен фотографии. Ќе го посетиме и Кипарскиот Археолошки музеј кој брои колекција на предмети од долгогодишната историја на градот. Прекрасна архитектра на куќи кои повеќето од нив се реставрирани, но сеуште го задржуваат духот на историјата на островот. Во склоп на стариот дел на градот, се наоѓа и Етнографскиот музеј, Катедралата Свети Јован, Големата Палата на Архепископот Макариос III, како и најголемата банка на Кипар за која се верува дека е во сопственост на Кипарската Православна црква. Пауза за ручек. Ќе го видиме и познатиот ѕид кој претставува граница и го дели Кипар помеѓу Грција и Турција, статуата на независен Кипар и ќе ја посетиме црквата Фанеромени лоцирана на самата граница. Се враќаме во хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (14.04.2020 – вторник) ЛАРНАКА – АЈА НАПА – ФАМАГУСТА

Појадок во хотел. За денешниот ден предлагаме факултативна посета на крајбрежните град на Кипар, Аја Напа и Фамагуста. Градот Аја Напа важи за најпопуларен турстички центар на Кипар, кој некогаш бил само мало рибарско село. Овде ќе не пречека тиркизно море и прекрасни пејсажи, голем број на ресторани, барови и клубови кои се причина да Аја Напа не случајно го носи приматот на втора Ибица во светот. Две од најпознатите плажи овде, Golden Beach I Nissi Beach со вкупна должина од 3 километри, го красат крајбрежјето на Аја Напа.  Патот не води кон Фамагуста, при што ќе го посетиме манастрито Свети Барнабас, која го носи името на основачот на кипарската православна црква и античкиот град Саламис.

Стариот дел на градот е следен на нашата агенда, а овде ќе имаме можност да ги видиме венецијанските ѕидови, Готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Се враќаме назад во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден (15.04.2020 – среда) ЛАРНАКА – СКОПЈЕ 
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Прошетајте по долгото шеталиште, уживајте на песочната плажа во комбинација со коктел пијалок или пак посетете некој од историските знаменитости на градот, на чија листа се наоѓа црквата Светли Лазар, една од најстарите овде.Патувајќи кон аеродромот, ќе имаме можност панорамски да уживаме во убавините на Ларнака, од кои дел е и прекрасното солено езеро Алики кое во текот на зимскиот период е дом на илјадници птици, а меѓу кои се преубавите розеви суштества - фламинго. Пристигнување на аеродромот во Ларнака, за директен лет кон Скопје со авиокомпанијата Wizz Air, број на лет W6 7768. Слетуваме во Скопје во 22:55 часот.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 € (9.858мкд)
*Цената е валидна за првите 6 места!

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авионски билет на релација Скопје-Ларнака-Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ) до 8кг. и максимални димензии 40x30x20;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел во Ларнака;
  • Професионален туристички придружник на групата.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аеродромски такси 3,100 мкд
  • Wizz Priority (мала + голема кабинска торба до 10кг. и димензии 55x40x25 +приоритетен влез); 25€
  • Чекиран багаж до 20кг; 45€
  • Туристичка такса – (се плаќа на рецепција);
  • Влезници за локалитети и билети за јавен превоз;
  • Факултативен излет до Никоазија: 55€ (минимум 16 пријавени лица);
  • Факултативен излет до Аја Напа и Фамагуста: 55€ (минимум 16 пријавени лица);
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се проследува со минимум уплата од 30% како и копија од валидна патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • Целосна доплата до 15 дена пред почеток на аранажманот;
  • Цените на аранжманот се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум од 25 пријавени лица;
  • За ова патување потребно е да поседувате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во Македонија;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелското сместување;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот, најдоцна 5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативните излети во агенција до 15.03.2020, при минимум 16 пријавени патници за  реализација

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ