3 ден (12.04.2026) МАДРИД - ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање