Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила Armenos elegance apartments се наоѓа во Јерисос на 150 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет, петокреветен мезонет и шестокреветен апартман. Собите се луксузно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна (тостер, електричен бокал, апарат за кафе), клима (вклучена во цена), wi-fi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и балкон. Паркинг на 20 мерти од вилата.
1/4 мезонет - број 2 - се наоѓа на втор спрат со страничен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет и балкон. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.
1/5 мезонет апартман - број 1 - се наоѓа на втор спрат со директен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој може да се сместат максимум 5 возрасни и 1 дете до 12 години.
1/6 апартман - број 3 - се наоѓа на прв спат со страничен поглед на море. Дневен престој со кујна и трпезарија во која се наоѓа софа на спуштање за 2 возрасни лица и 2 кревети на спрат. Има посебна просторија со брачен кревет. Во овој апартман може да се сместат максимум 6 возрасни лица и 2 деца до 6 години.
|
Термин |
Ноќевања |
1/4 мезонета |
1/5 мезонета апп |
1/6 апп |
|
31.05 |
7 ноќи |
350€ |
370€ |
400 € |
|
07.06 |
7 ноќи |
390€ |
430€ |
450 € |
|
14.06 |
7 ноќи |
450 € |
490 € |
550 € |
|
21.06 |
7 ноќи |
490 € |
550 € |
590 € |
|
28.06 |
7 ноќи |
590 € |
650 € |
690 € |
|
05.07 |
7 ноќи |
730 € |
800 € |
840 € |
|
12.07 |
7 ноќи |
830 € |
920 € |
940 € |
|
19.07 |
7 ноќи |
930 € |
1020 € |
1140 € |
|
26.07 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
02.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
09.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
16.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
23.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
30.08 |
7 ноќи |
870 € |
950 € |
1090 € |
|
06.09 |
7 ноќи |
690 € |
780 € |
890 € |
|
13.09 |
7 ноќи |
590 € |
680 € |
720 € |
|
20.09 |
7 ноќи |
490 € |
550 € |
590 € |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.