ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Мадрид - 09.10. - 12.10.2026
Мадрид - 09.10. - 12.10.2026
МАДРИД - САМА Холидеј
1 ден (09.10.2026) Скопје – Мадрид
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Полетување кон Мадрид во 16:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:40 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
2 ден (10.10.2026) МАДРИД
Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден (11.10.2026) МАДРИД - ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање
 
4 ден (12.10.2026) МАДРИД
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата).... Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:50ч.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ !
РЕДОВНА ЦЕНА :  549 €

Во цената е вклучено:
•    Директен лет на релација Скопје - Мадрид - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
•    Аеродромски такси
•    Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
•    Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
•    Сместување во хотел Compostela Suites Madrid 3*, 3 ноќевања со појадок;
•    Организирани прошетки според програматa;
•    Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената НЕ е вклучено:
•    Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
•    Доплата за еднокреветна соба  148 Еур.
•    Патничко осигурување;
•    Билети за јавен превоз со метро


ФАКУЛТАТИВИ

•    Пешачки разглед со локален водич  - 35 €;
•    Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €;

Задолжително минимум една факултатива - пријавување во агенција  

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИСТИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЕКСКУРЗИИ!!

Општи напомени:
•    Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
•    Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
•    Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
•    За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
•    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, 
•    Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
•    Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
•    Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите 
•    За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
•    Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
•    Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.