Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени околу 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на приближно 200 метри. Автобуската станица до другите плажи на островот е на околу 100 метри.
Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер и клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.
7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице, со вклучен превоз Скопје–Волос–Скијатос–Волос–Скопје).
Резервациите со попуст се плаќаат 50% при резервирање и остатокот до 30 дена пред поаѓање.
| Термин |
Редовна цена по лице |
| 21.05.2026 – 28.05.2026 |
132 € |
| 28.05.2026 – 04.06.2026 |
150 € |
| 04.06.2026 – 11.06.2026 |
174 € |
| 11.06.2026 – 18.06.2026 |
198 € |
| 18.06.2026 – 25.06.2026 |
222 € |
| 25.06.2026 – 02.07.2026 |
239 € |
| 02.07.2026 – 09.07.2026 |
263 € |
| 09.07.2026 – 16.07.2026 |
299 € |
| 16.07.2026 – 23.07.2026 |
299 € |
| 23.07.2026 – 30.07.2026 |
299 € |
| 30.07.2026 – 06.08.2026 |
299 € |
| 06.08.2026 – 13.08.2026 |
299 € |
| 13.08.2026 – 20.08.2026 |
299 € |
| 20.08.2026 – 27.08.2026 |
299 € |
| 27.08.2026 – 03.09.2026 |
239 € |
| 03.09.2026 – 10.09.2026 |
215 € |
| 10.09.2026 – 17.09.2026 |
179 € |
| 17.09.2026 – 24.09.2026 |
155 € |
| 24.09.2026 – 01.10.2026 |
131 € |
Цените се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс: 1 € = 62 денари.
Во сите типови соби, сместувањето е дозволено согласно капацитетот на редовните легла. Дополнително, може да се смести едно дете до 2,99 години кое не користи посебно легло.
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице).
- Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
- Туристички пратител за време на патувањето.
- Претставник од агенција за време на престојот.
Во цената не е вклучено:
- Дополнителни 55 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
- Патничко осигурување.
- Факултативни излети.
- Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнување.
- Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).
- Трансфер од Струмица - 15 €
- Трансфер од Штип - 20 €
План и програма:
- Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток.
- Поаѓањето е секоја среда навечер, а секој четврток е првиот ден од одмор.
- Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект-компанијата.
Важно:
- За споен термин се сметаат ПРОМО цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- За промо цените не се одбива за превоз доколку патувате со сопствен превоз.
- Во случај на уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +50% од редовната цена.
- За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
- За споен термин се одбива 15 € за превоз и се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
- Полињата кои се со црвено во табелите означуваат зафатени студиа; полињата со зелено означуваат вкупно слободни студиа.
- При резервација задолжително контактирајте на наведените телефони за слободни капацитети и тип на студио.
- Телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку во тој рок нема потврда за уплата (канцеларија, жиро-сметка или online), резервацијата се смета за откажана.
- За да резервирате со депозит, потребна е уплата од најмалку 30% од вкупната сума.
- Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
- Влегувањето во собите е после 14:00 часот по локално време, напуштањето на собите е во 09:00 часот по локално време.
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на реализација, организаторот го наплатува целокупниот износ (100%).
- Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
- Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно бројот на легла.
- Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости.
- Кујните во сите студиа се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависат од давателот и техничките можности во регионот; агенцијата нема одговорност за квалитетот на интернет сигналот.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа.
- Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First, Last Minute, Black Friday или други промо-кампањи да ги објави и продаде слободните капацитети по цени различни од редовните во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена во однос на промотивните понуди.
Факултативни излети:
Крстарење до Lalaria Beach и островот Skopelos
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава, плажата Лаларија е како рај на земјата – ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место кое чека да го посетите. Малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.
Оваа плажа е достапна само со бродче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Се посетува и островот Skopelos, како и црквата Agios Ioannis, позната по иконата св. Јован. На ова место, како и на островот Skopelos, се снимени голем број сцени од мјузиклот „Mamma Mia“. Крстарењето претставува целодневно уживање.