ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Kalithea - Vila Centar
Vila Centar

Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште. Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија (реновирани 2022) опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и тоалет, како и дуплекс апартман со две одделни спални, дневна со кујна, клима уред, тераса и тоалет (изграден во 2024).
Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место. Калитеа важи за место со прекрасна природна идила, зеленило, плажи со бел песок како и кристално бистра вода.

 

цени за цело студио/дуплекс за 7 ноќи без превоз

*** 10% попуст за уплати до 05.02.2026 ***

 

Термин 30.05 06.06 13.06 20.06 27.06 04.07 11.07 18.07
Студио 1/2 239 € 249 € 269 € 289 € 319 € 369 € 379 € 389 €
Термин 25.07 01.08 08.08 15.08 22.08 29.08 05.09 12.09 19.09
Студио 1/2 429 € 429 € 429 € 389 € 389 € 379 € 329 € 279 € 249 €

 

Во цената е вклучено:
– наем на студио/дуплекс за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

 

Во цената не е вклучено:

– патничко осигурување
– туристичка такса 2 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
– клима 5 € од ден (се плаќа на лице место)

 

Само превоз (повратно):
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 35 € 
– возрасни: 45 €

 

Термини поаѓањe за Грција:
-Скопје       05:00   Олимписки Базен
-Кочани      04:30   Пред Судот
-Штип         05:00   Нова Пошта
-Радовиш   05:30   Автобуска
-Струмица  06:00   Автобуска