Авионски програми - Хургада & Нил
Хургада & Нил
ЕГИПЕТ – ВЕЛИГДЕНСКИ ОДМОР ВО ХУРГАДА И КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ 
Хургада – Луксор – Едфу – Комомбо – Асуан 
 
16.04. – 25.04.2020  (10 дена / 8 ноќевања)
Египет - земја каде што историјата постоии повеќе од 5000 години.
Од крајот на IV милениум пред новата ера, на овој простор секогаш се случувало нешто монгу важно за целата човечка цивилизација, било да се во прашање големите градежни работи , научни достигнувања или големите борбени освојувања. 
Крстарењето по Нил е прилика да се запознаете не само со најстарата цивилизација на планетата, каде културата, уметноста и науката значајно влијаеле врз развојот на човештвото, туку  и да ја доживеете убавината на земјата чија судбина со векови е врзана за НИЛ, мајка на реките, која што представува единствен извор на живот и опстанок на северо-источна Африка.  
 
Програмата Крстарење по Нил – опфаќа многу значајни места во Египет, почнувајќи од најпознатото Египетско летувалиште Хургада па преку Асуан до прекрасниот Луксор.  
Крстарењето со  брод се одвива помеѓу Асуан и Луксор, во должина од 220 км. Тое е можност да се ужива во раскошната убавина по долината на реката Нил, а од исток и запад погледот ви го земаат вечните пустини. Хургада со тек на годините прераснува во огромно летувалиште и денес опфаќа зона широка преку 70 км. Сите ново изградени хотели се наоѓат вон центарот на Хургада. Денеска регионот на Хургада ги содржи и се по популарните хотелски комплекси во Ел Гуна, Макади Беј, Сома Беј.
 
 
Програма на патување:
 
1 ден 16.04: Скопје – Истанбул - Хургада
Состанок на групата на Аеродром Скопје во 09:30 часот. Лет за Истанбул со PC352 во 11:45 часот. Слетување во 14:10часот. Полетување за Хургада со PC622 во 22:45. Слетување на аеродромот во Хургада во 00:30 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел . Ноќевање.
 
2 ден 17.04: Хургада
Појадок. Слободен ден за уживање на брегот на Црвеното море. Можност за организирана факултативна посета на Рајскиот Осторв – Гифтун (Paradise Island – Рајски остров (со јахта)Поаѓање од хотелот и превоз до марината со автобус. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг (Површинско гњурење) од окулу 40мин. А потоа уште еден 40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде цели 3 часа ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
3 ден – 4 ден 18.04 – 19.04: Хургада
Појадок. Престој во прекрасниот 5 ѕвезден хотел на сама плажа на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Сончање, уживање на прекрасната пасочна плажа и капење во тиркизната , кристално бистра, беспрекорно чиста и топла вода на Црвеното Море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер ( Џип сафари, Тура Каиро со посета на Пирамидите... ). Ноќевање.
 
5 ден 20.04: Хургада – Луксор   
Ланч пакети за појадок. Поаѓање  кон Луксор во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич на српски јазик. 
Пристигнување во Луксор и започнување  на крстарење на Нил. Посета на Луксорскиот храм посветен на богот Амун, кој исто така е познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Потоа се упатуваме кон храмот Карнак, изграден повеќе од илјада години од генерациите на фараоните. Враќање  назад на бродот. Ноќевање.
 
6 ден 21.04: : Долината на кралевите – Есна 
По појадокот патувањето продолжува со премин кон западниот брег на Нил за посета на Долината на кралевите, огромниот "Град на мртвите", каде што се изрежани величествените гробови и исполнети со богатства за задгробниот живот. Потоа продолжуваме до подножјето на карпата, за да го посетиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараоните. Враќање и продолжување со крстарењето до Есна. Вечера. Ноќевање.
 
7 ден 22.04: Едфу – Ком Омбо- Асуан
Појадок. Пристугнување во ЕДФУ. Посета на најдобро сочуваниот старо египетски храм, кој бил посветен на богот Хорусу. Враќање на брод. Ручек. Патувањето продолжува кон Комомбу. Пловењето продолжува во тивка и релаксирачка атмосфера по Нил, и неговата плодна долина. По пристигнувањето во КОМ ОМБО посета на храмот на Совек и Хорусо од птоломејскиот период. Испловување кон Асуан. Вечера.Ноќевање на брод.
 
8 ден 23.04: Асуан
Појадок. Можност за факултативна посета на Абу Симбел, каде ќе имаме можност да навлеземе длабоко во Нубиската пустина и да ги посетиме храмовите стари 3000 години, направени во времето на Рамзес Втори. Враќање во Асуан, каде што ќе се споиме со групата.  Продолжуваме со разглед на Високата брана, инженерско чудо изградено во 1960-тите. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на  кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Се враќаме повтроно на брод. Вечера. Ноќевање.
 
9 ден 24.04: Асуан – Хургада 
Појадок, одјавување и напуштање на броддот. Можност за факултативна посета на храмот Филе, кој е посветен на мајката божица Изиди. По завршување на факултативната посета го продолжуваме патувањето кон аеродромот во Хургада, со попатни паузи. Пристигнување на аеродром, во доцните вечерни часови.
 
10 ден 25.04: Хургада – Истанбул - Скопје
Лет за Истанбул со   PC621  во 01:40часот. Слетување во Истанбул во 05:30. Лет за Скопје во 10:25 со PC351. Слетување во Скопје во 11.00 на 25.04.
 

КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

9 ДНЕВНА БОГАТА ПРОГРАМА СО ВКЛУЧЕНИ ПОСЕТИ И РАЗГЛЕДИ

 

8 НОЌЕВАЊА / 4 СЕ ВКЛУЧЕНО + 4 ПОЛНИ ПАНСИОНИ

   

РАН БУКИНГ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА (Резервации до 10.ФЕВРУАРИ)

995 € / 61.690 мкд

Цена по лице во 1/2 соба

1.125 € / 69.750 мкд

Цена за дете 2- 11,99

675 € / 41.850 мкд

Доплата за 1/1 (еднокреветна соба)

185 € / 11.470 мкд

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овој аранжман
 
Во цената е вклучено :
 Повратен авио билет Скопје – Хургада – Скопје
 Аеродромски такси во висина од 141 еур (аеродромските такси се со променлива вредност и се подлежни на промена)
 4 ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база СЕ ВКЛУЧЕНО, согласно програма. 
 Крстарење со брод 5* по Нил на база полн пансион
 Сите трансфери према програмата
 Сите посети со вклучени влезници, према програмата
 Стручен локален водич на српски јазик
 Техничко водство / Пратител на групата
 
Во цената не е вклучено :
 Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$
 Факултативни излети во Хургада - (Каиро со посета на пирамидите, Гифтун – рајскиот остров, Џип Сафари)
 Факултативни излети на Брод (островот Фили, посета на Абу Симбел)
 Пијалоци на бродот
 Задолжително патничко осигурување
Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 40€ (се плаќа на водичот при пристигнување во Египет)
 
Забелешки:
Во случај на помал број од 15 пријавени патници, програмата нема да се откаже, но цената ќе претпри промена
• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.