АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Автобуски програми - Будимпешта со Виена
Будимпешта со Виена

Welcome the New Year 2026 in Budapest in a Stylish Way

1 ден (30.12.2025 - вторник) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности

 

2 ден (31.12.2025 - среда) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Д7410унав. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден ( 01.01.2026 – четврток)- БУДИМПЕШТА – дворец Годоло

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта посета на еден од најпознатите бароктни дворци во Унгарија, кралскиот дворец Gödöllő (Годоло), летна резиденција на кралицата Сиси. Внатре во замокот можете да видите слики и фотографии од царицата Сиси, оригинален мебел и да откриете тајни премини.Често пати овој дворец знаат да го наречет и “Унгарски Версај”. После посетата на замокот, се враќаме назад во Будимпешта каде што во вечерните часови ќе можете да уживате во крстарење по Дунав.Ноќевање.

 

4 ден ( 02.01.2026 – петок)- БУДИМПЕШТА – Виена

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

 

5 ден (03.01.2026 – сабота) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта од каде што се упатуваме за Скопје.Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

6 ден (04.01.2026 – недела) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА – 229 € по лице,
За уплати до 15.11.2025,
Редовна цена 259 €

 

Во цената е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

– Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 3 ноќевања со појадок,

– Професионален туристички придружник од агенцијата,

– Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

– Факултативи

– Влезници за музеи и културно – историски споменици

– Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба 138 еур.

 

Факултативни излети:

Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна факултатива (уплата во агенција)

Цена за пакет: 20 €

Крстарење со брод по Дунав

Цена за пакет: 25 €

Посета на Виена (минимум 30 патника за реализација на факултативата)

Цена за пакет: 45 €

Посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 20 €

Посета на дворецот Годоло (трансфер + влезница)

Цена за пакет: 35 €

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 110€ по лице без задолжителната факултатива