
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:00 часот.
Полетување кон Париз во 13:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 16:05 часот.
По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот и сместување.
Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.
Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век.
Во разгледот не се вклучени градините.
По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз.
Во попладневните часови следува можност за пешачки разглед на Париз со локален водич.
Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места: Латинскиот кварт, Нотр Дам, Монмартр, црквата Sacré-Cœur, улицата Пигал и познатиот Moulin Rouge.
Крстарење по Сена
Следува можност за крстарење по Сена во времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – Лувр.
Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивното преселување во Версај.
Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и познатата Мона Лиза.
Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат.
Слободно време за индивидуални прошетки.
Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).
Полетување кон Скопје во 14:55 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Слетување во Скопје во 17:30 часот.
Промо цена: 409eur
Цена на аранжманот: 449eur
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Факултативни излети:
ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ 25 €
Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич и прошетка по прекрасните париски улици и градби.
Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места:
ВЕРСАЈ 80 €
Градините не се вклучени во цената.
КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА 25 €
Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.
МУЗЕЈ ЛУВР 45 €
Индивидуална влезница со резервиран термин.
Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.
АЈФЕЛОВА КУЛА
Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.
Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.
ДИЗНИЛЕНД
Цена за влезницата се потврдува при уплата на аранжманот, поради променливиот карактер на цените.