
31.декември (среда) СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот: театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, Дочек на Новата 2026 година на централниот плоштад во градот. Ноќевање.
01.јануари (четврток) ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Факултативна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.
02.јануари (петок) НОВИ САД – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на Белград. Разглед на градот: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава... Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕУР (7.998 мкд) за првите 6 пријавени
ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА: 139 ЕУР (8.620 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 ЕУР (9.240 мкд)
Во цената е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Dash ***, на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разглед на Нови Сад и Петроварадинска тврдина со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Факлутативен излет на Фрушка Гора и Сремски Карловци 25 €
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Туристичка такса 1,5 € по лице на ден се наплатува на рецепција
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување
Напомени:
- За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 30 патници
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба