План и програма:
1.Ден 30.12.2025 (вторник) СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 31.12.2025 (среда) БОГУТОВАЧКА БАЊА – КРАЉЕВО
Појадок. Moжност за факултативна посета на Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот со водич (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, Храм Свети Сава...) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Слободно време за релаксација и уживање во базените. Во 20.00 часот свечена вечера за Дочек на Новата 2026та Година со музика и неограничени домашни пијалоци! Ноќевање.
3.Ден 01.01.2026 (четврток) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20.00 часот свечена вечера реприза со музика и неограничен домашни пијалоци! Ноќевање.
4.Ден 02.01.2026(петок) БОГУТОВАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена на аранжманот за резервации до 15.11.2025 - 359€/22.258 ден
Редовна цена на аранжманот 379€/23.498ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Минерал 3* во 1/2 соби на база 3 ноќевања
- 2 ноќевања со појадок и 2 свечени вечери (новогодишна и реприза) со неограничени домашни пијалоци и музика и 1 полупансион
- Користење на базен со лековита минерална вода
- Користење на рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативна посета на манастирот Жича со водич - 10€ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Краљево 10€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790 (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.