АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Тиват

New Year's Decoration - Nomad Tours Montenegro

30 декември (вторник)                       СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 22:30ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:00 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

31 декември (среда)                           КОТОР - ПЕРАСТ - ТИВАТ
Пристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на градот со локален водич и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола. Организирано крстарење до црквата Госпа од Шкрпеља која се наоѓа на островче во близина на градчето Пераст. Крстарењето продолжува со посета на Пераст, препознатлив по 17 католички цркви и 16 палати. Овој средновековен град е карактеристичен по своите 9 одбранбени кули изградени од Венецијанците во 15 и 16 век. Патувањето продолжува кон Тиват: разглед на градот, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со  декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Дочек на Новата Година со Лепа Брена. Ноќевање.

 

01 јануари (четврток)                        ТИВАТ - ДУБРОВНИК
Појадок. По појадок факултативен целодневен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Тиват. Реприза на Новата Година со Јелена Розга. Ноќевање.

 

2 јануари (петок)                                TИВАТ – БУДВА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на Будва во претпладневните часови. Прошетка низ градот: стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван, цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови. 

 

ПРОМО цена (STANDARD пакет) за првите 6 пријавени199 (12.340,00 мкд)

STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок): 219 (13.580,00 мкд)

SUPERIOR пакет ( превоз, сместување со појадок, Дубровник, Тиват, Котор и крстарење Пераст)  265 (16.430,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:       

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Magnolija Palace  ****, 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативен целодневен излет до Дубровник - 30 € со локален водич
  • Факултативна посета на Пераст (превоз со брод + влезница за црква Богородица на карпите, Котор, Тиват - 20 € со локален водич)
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Патничко здраствено осигурување
  • Туристичка такса и осигурување 1,5€ по лице на ден (се наплатува на рецепција во хотел)

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 30 патници
  • Цената е дадена по лице за пакет аранжман  во двокреветна соба
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници