
1ден/ 30.12 (среда) ШТИП - БЕЛГРАД
Поаѓање од Штип, Велес, Кавадарци, Скопје и Куманово. Состанок со групата, поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2ден/ 31.12 (четврток) БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав... Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани. (Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Хотелот се наоѓа на 3 автобуски станици од центарот. Градскиот превоз е бесплатен за сите.) Ноќевање.
3ден / 01.01 (петок) БЕЛГРАД - НОВИ САД
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад - центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
4ден / 02.01 (сабота) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд
Промо цена: 159€ / 9.860мкд
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена: