
29.04.2027 (четврток) – Штип – Верона
Поаѓање на групата од Штип, пред Нова пошта, во 14:00 часот. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
30.04.2027 (петок) – Верона
Пристигнување во Верона. Посета и разглед на градот со лиценциран туристички водич (гратис – без доплата): плоштадите Дел Ербе и Дел Сињори, Арената и други знаменитости. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Сместување во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
01.05.2027 (сабота) – Верона – Милано – Сирмионе – Верона
Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Милано, град познат како една од европските престолнини на модата. Разглед на градот со лиценциран туристички водич: Миланската скала, катедралата Дуомо, галеријата Виктор Емануел II и други знаменитости. Слободно време за индивидуални активности.
Поаѓање кон живописниот град Сирмионе, сместен на полуостров кој навлегува длабоко во езерото Гарда (Лаго ди Гарда). Кратка пауза за разглед и прошетка низ градот, познат по средновековната тврдина Скалигеро, тесните улички, живописните куќи и прекрасната езерска панорама.
Враќање во хотелот во Верона. Ноќевање.
Напомена: Патниците кои нема да учествуваат во факултативната екскурзија до Милано и Сирмионе остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.
02.05.2027 (недела) – Верона – Фиренца – Верона
Појадок. Поаѓање кон факултативна посета на Фиренца, еден од најпознатите културни и уметнички центри во Италија. Разглед на градот со лиценциран туристички водич: катедралата Санта Марија дел Фјоре, плоштадот Микеланџело, плоштадот Сињори и други знаменитости.
Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотелот во Верона. Ноќевање.
Напомена: Патниците кои нема да учествуваат во факултативната екскурзија до Фиренца остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.
03.05.2027 (понеделник) – Верона – Трст – Македонија
Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање кон Трст. Разглед на градот и слободно време за прошетка и шопинг (гратис – без доплата).
Поаѓање кон Македонија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
04.05.2027 (вторник) – Македонија
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.
Цена на аранжманот: 210eur / 13.020мкд
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Факултативна посета на Фиренца – 45 евра (превоз, разглед, туристички водич и туристичка такса).
Напомени:
Рок за пријавување: 31.03.2027 година.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 пријавени патници, додека за реализација на факултативните екскурзии потребни се минимум 25 патници.
Патниците кои нема да учествуваат во факултативните екскурзии до Милано, Сирмионе, езерото Гарда и Фиренца остануваат слободни во хотелот. Туристичката агенција не презема одговорност за нивните индивидуални активности во тој период.
Општи напомени и услови:
Резервација се врши со уплата на аванс во висина од 30% од вкупниот износ на аранжманот.