ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Авионски програми - Барселона
Барселона

ВЕЛИГДЕН ВО БАРСЕЛОНА

18.04- 21.04.2020

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 1 ден: (18.04.2020 - Сабота) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА(ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04 : 35 часот. Полетување за Барселонa во 06:35 ч. Пристигнување во Барселона во 09:25 часот. Следува панорамски разглед на Барселона : плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), , Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот...Сместување во хотел.Слободно време или факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа.Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден: (19.04.2020– Недела ) - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП, ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 ден: (20.04.2020 – Понеделник ) -  БАРСЕЛОНА (Золошка градина и парк Цитадела)

Појадок во хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина . Сместена во централниот парк на Барселона, представува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на ЗОО, односно постои можност голем број од животните да се погалат со рака. До пред неколку години, оваа ЗОО беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Ова Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и представува забава за цела фамилија... Следува слободно време за индивидуални активности и можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек или  шопинг...Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден: (21.04.2020 - Вторник) - БАРСЕЛОНА -  СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување. Трансфер до аеродром. Полетување на Скопје во 10:00 ч., слетување во Скопје во 12:45 ч 

ПРОМО ЦЕНA ЗА ПРВИТЕ 6 МЕСТА :389 ЕВРА (24.118 МКД) 

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 429 ЕВРА (26.598 МКД) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm до 8 kg вклучена во цената
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во двокреветни соби во хотел  3*,
  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и  трансфер
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице се 3.720 денари,
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) – 35 € / само билет 28 €. Цена за деца од 3-12 години - 30 €/само билет – 23 €;
  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Шпанско село) со водич и билет – 55 €. Цена за деца од 3-12 години – 50 €;
  • Посета на ЗОО (пратител + влезница) – 25 €. Цена за деца од 2-12 години – 20 €;
  • Фламенко шоу со пијалок - 40 €,
  • Аквариум  (влезница и претставник од агенција) - 20 €. Цена за деца од 2-12 години – 17 €;
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : ПАРКОВИ + ФЛАМЕНКО = 90 €,
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – од 1-2 € по лице на ноќ,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 15.03 и минимум пријавени патници за  реализација: 16.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ