ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Авионски програми - Малта 2-ра програма
Малта 2-ра програма

16.април (четврток)     СКОПЈЕ – МАЛТА 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Лет за Малта W6 7765 во 13:20ч. Пристигнување на Малта во 15:05 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање. 

17.април (петок)     МАЛТА (Валета и Мдина)
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици...Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели... уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Ноќевање.

18.април (сабота)    МАЛТА (Јужниот дел на Малта)
Појадок. Факултативен излет низ Јужниот дел на Малта. Тргнување кон ”Blue Grotto”, местото каде што Малтешките рибари го растовараат секојдневно нивниот улов. Можност за кратко крстарење (не е вклучено во цената) со рибарски брод кон една од многубројните морски пештери вклучувајќи ја и обновената “Blue Grotto” пештера, која е формирана пред илјадници години. Факултативно патување со брод, восхитувајќи се и фотографирајќи ги фантастичните бои кои се рефлектираат од морската фауна, коралите и карпите. Патувањето продолжува кон храмовите “Hagar Qim” и “Mnajdra”, кои се под закрила на УНЕСКО од 1992г. Овие Мегалитски Храмови се вели дека се меѓу најстарите верски објекти на Земјата. Патот продолжува кон рибарското село Marsaxlokk. Ова место имало значајна улога во Малтешката историја: за време на 11 век бил голем трговски центар, а подоцна за време на Големата Опсада било засолниште на Турската флота. Денеска е едно од најголемите рибарски гратчиња, каде што може да им се восхитувате на стотиците рибарски бротчиња наречени “luzzus”. Посета на “Ghar Dalam Cave & Museum”. Местото каде што се најдени најраните докази за човековото постоење на Малта од пред 7400 години. Враќање во хотел. Ноќевање

19.април  (недела)     МАЛТА (Островот Гозо) 
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Cirkewwa  и потоа со фери – брод заминување кон Gozo островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Gozo, Comino и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Dwejra. Враќање во хотел. Ноќевање.

20.април (понеделник) МАЛТА (Тhree Cities of Malta)
Појадок. Факултативен излет до трите града Биргу, Сенглеа и Бормла со крстарење по најпознатите пристаништа: Grand Harbour & Marsamxetto Harbour. После големата опсада во 1565г. градот Биргу бил важна пресвртница во историјата на Малта и го добил името “Победнички Град“ кој ги издржал бруталните напади на османлиските освојувачи. Бил седиште на витезите на Св.Јован. Биргу бил главен град на Малта помеѓу 1530-1571г се додека не се изградила Валета. Посета на црквата St.Lawrence и прошетка по тесните улички каде може да се најдат многу вински барови, мали елегантни ресторани...Посета на Сенглеа, најмалиот град на Малта. Посета на градините на Сенглеа кои стојат на работ на Сенгла поинт и даваат прекрасен поглед кон пристаништето и Валета. Во продолжение е градот Бормла. Бормла е најголемото гратче од сите три. Необичните улички опкружени со традиционални малтешки куќи овозможуваат роматнична и мирна атмосфера. Крстарење низ двете пристаништа на  Grand Harbour & Marsamxetto Harbour, уживајќи во погледот на Валета и трите пристанишни града. Враќање во хотел. Ноќевање.

21.април (вторник) МАЛТА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје W6 7766 во 15:50ч. Пристигнување во Скопје во 17:30 часот.

 

  РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА “BASIC” - 319 € (19.778,00 мкд)

“BASIC”

339 € (21.018,00 мкд)

основен пакет

“STANDARD”

379 € (23.498,00 мкд)

пакет со вклучен разглед на Валета и Мдина

“SUPERIOR”

499 € (30.938,00 мкд)

пакет со 5 разгледи
(Валета, Мдина, Јужниот дел на Малта, 
осторовот Гозо и Three Cities of Malta)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
-  Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
- Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, 5 ноќевања со појадок.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Аеродромски такси 60€ 
- Факулативни излети и посети:
* Крстарење со бротче 7-9€ на лице место плаќање.
* Посета на Јужниот дел на Малта 50€
* Посета на островот Гозо 55€
* Посета на Валета и Мдина 55€
* Three cities & Harbour Cruise 45€
- Патничко здравствено осигурување – 160мкд
- Голема кабинска торба до 10кг – 1500мкд по правец 
- Пријавен багаж до 20кг – 2150мкд по правец
- Пријавен багаж до 32кг – 2900мкд по правец
- Еко такса 0,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
- Доплата за 1/1 соба 55 € 
- Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските спомениците

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ