Малдиви
НОВА ГОДИНА НА МАЛДИВИ
*** загарантирано поаѓање***
Нека новата 2021 Ви започне ЕГЗОТИЧНО
 
 
Најромантична егзотична дестинација и рај за љубителите на нуркање и едрење. Малдивите се архипелаг со 26 кружни корални атоли и околу 1190 корални острови во јужниот дел на Индискиот Океан. Главниот и најголем град Малдиви е Мале, со околу 100.000 жители. Се наоѓа на истото име Машки остров, 645 километри југозападно од Шри Ланка. Меѓународниот аеродром Ибрахим Насир се наоѓа на островот Хулхуле, 1км (10 минути од ферибот) од главниот град Мале.
 
 
Детали од лет
Белград - Дубаи 27 DEC/ BEG DXB – 13:05 21:20
Дубаи - Мале 28 DEC/ DXB MLE – 09:55 15:10
Мале – Дубаи 04 JAN/ MLE DXB – 23:30 03:10+1
Дубаи - Белград 05 JAN/ DXB BEG – 09:05 12:05
 
27.12.2020 – Белград – Дубаи (лет со ФЛАЈДУБАИ). Состанок на аеродромот во Белград 3 часа пред лет, во 10 часот.Полетување за Дубаи во 13 часот, пристигнување во Дубаи на 27.12 во 21.20 часот.
28.12.2020 - Лет од Дубаи за Мале во 09.55 на 28.12.2020. Пристигнување во Мале аеродром на 28.12.2020 во 15.10 часот (саатници на летови се по локално време). Трансфер до избраниот хотел. Во зависност од местоположбата на хотелот трансферот се прави со бродче (за поблиските острови) или со хидроавион (за по далечните острови). Во случај на трансфер по воздух, може да биде потребно кратко чекање во согласност со распоредот на хидропланот. По пристигнувањето, пречек од хотелскиот персонал, сместување. Слободно време. Ноќевање
29.12.2020/ 30.12.2020 - Слободен ден за плажа и одмор. Ноќевање.
31.12.2020 - Слободен ден за плажа и одмор. Вечерта можност за организација на празнична Новогодишна вечера Пети и шести ден
01.01.2021 – 03.01.2021 - Слободни денови за плажа и одмор.
04.01.2021 - После појадок ослободување на собите и трансфер до аеродромот на Мале согласно саатници и распоред на хотелот, за лет преку Дубаи до Белград.
05.01.2021 – Лет од Дубаи за Белград во 09.05. Слетување во Белград 12.05.
 
 
ХОТЕЛИ ВО ПОНУДА/ сигурна реализација/ индивидуална програма
  • Bandos Maldives 4* - North Male Atoll/ полупансион – 1,940 евра/ по лице
  • Meeru Island Resort & Spa 5* - North Male' Atoll / полн пансион – 2,240 евра/ по лице
 
 
Пакет цена е во евра и вклучува:
  • Авионски билет со редовна линија на ФЛАЈДУБАИ (гарантирани поаѓања) од Белград согласно итенерер погоре, со вклучени аеродромски такси;
  • Еден кабински багаж до 7 кг. и чекиран багаж 20 кг.;
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром од Мале аеродром (со брод или хидроавион зависно од избраниот хотел);
  • 7 ноќевања во избраниот хотел и избраната услуга
  • Новогодишна вечера (согласно политика на хотелот)
  • Зелена такса за МАЛДИВИ (околу 6 УСД по лице на ноќ) која се плаќа директно на рецепција во хотелот

Пакет цена НЕ вклучува:
  • трансфер до/ од Белград аеродром
  • негативен PCR тест со сертификат на англиски јазик за патување во Малдиви од овластена лабараторија во Македонија не постар од 72 часа пред датумот на пристигнување
  • Индивидуални трошоци;
  • Дополнителни екскурзии/ на барање;
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Патничко осигурување - се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
 
Важна информација за патниците:
  • За патување на Малдивите важи безвизен режим.
  • Забрането е увоз на алкохол. Конзумирање алкохол е дозволено само во хотели на туристите согласно политика на хотелот.
  • Забрането е извоз на корали и работи направени од нив (освен оние направени од лиценцирани производители и придружени со сертификат)
  • Забрането е од земјата да се вадат предмети и работи што се наоѓаат на дното на океанот.
  • Со закон е забрането да се вадат корали, школки, морски ѕвезди и слично од водата, да се оштети крајбрежната зона на кој било начин.
  • Риболов во близина на островите е забранет. За таа цел е организиран риболов далеку од бреговите.
  • Забрането е да се остава отпадоци на плажа, казните за оваа повреда се многу високи.
  • Малдиви е муслиманска земја и задолжително е да се следат правилата за пристојно однесување и облека (надвор од хотелот, каде што има локално население, се препорачува да се оди со покриени рамена и колена)
 
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ - Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање
 
 
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).