ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски Програми - Тасос - 22.05. - 25.05.2026
Тасос - 22.05. - 25.05.2026

10 TOP Things to Do in Thasos April 2026 | Expedia

ДЕН 1 | 22.05

Поаѓање во раните утрински часови од Македонија и патување кон Грција со попатни паузи.

Пристигнување во Керамоти и траект кон островот Тасос.

По пристигнување на островот следува трансфер до Скала Потамиа и сместување во објектот.

Попладне: организирана прошетка до Лименас (главниот град на Тасос).

  • старата агора
  • античкиот амфитеатар
  • слободно време за кафе и прошетка

Враќање во Скала Потамија. Ноќевање.

 

ДЕН 2 | 23.05

Слободно време за уживање на плажа во Скала Потамија / Golden Beach, прошетки или релаксација.

Попладне можност за факултативен излет до традиционалното село Панагија.

Панагија е едно од најубавите планински села на островот, познато по камената архитектура, природните извори и прекрасниот поглед кон Golden Beach.

Во текот на посетата има можност за прошетка низ живописните улици и дегустација на локални производи како мед и маслиново масло.

Враќање во Скала Потамија. Ноќевање.

 

ДЕН 3 | 24.05

Факултативен излет – Најубавите места на Тасос

Посета на најубавите места на островот:

  • Манастир Архангел Михаил – најпознатиот манастир на островот со спектакуларен поглед на Егејското море
  • Aliki – прекрасен полуостров со археолошки локалитет и тиркизни заливи
  • Giola Lagoon – природен базен формиран во карпа, едно од најфотографираните места на островот
  • Лименарија – вториот по големина град на островот со прекрасна морска променада и традиционални таверни

Слободно време за ручек, прошетка и фотографии.

Враќање во Скала Потамија.

За клиентите кои нема да се пријават на факултативниот излет, овој ден е слободен во Скала Потамија.

Ноќевање.

 

ДЕН 4 | 25.05 – ВРАЌАЊЕ

Одјавување од сместувањето.

Заминување кон Лименас и траект до Керамоти.

Патување кон Македонија со попатни паузи.

Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот:

109 € по лице – сместување во вила Аргири, Саваш и Пенелопе

119 € по лице – сместување во вила Афродите, Александра и Месимвриа

Деца сместени со 2 возрасни и трет/четврти возрасен имаат намалување од 15 €.

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација (автобус или минибус)
  • Траект Керамоти – Тасос – Керамоти
  • 3 ноќевања во апартмани во Скала Потамија
  • Организирана прошетка до Лименас
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Организација на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни излети:
      - Панагија – 10 € по лице
     - Тура до најубавите места на Тасос – 20 € по лице
  • Туристичка такса – 2 € по соба на ноќ (се плаќа во објектот)
  • Патничко осигурување – 246 МКД по лице (се плаќа во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци

 

Напомени:

Редоследот на програмата може да биде изменет во зависност од временските услови и организацијата на излетите.

Отказ на патувањето од страна на патникот може да се направи до 20 дена пред поаѓање без задржување на пенали.

За отказ во период од 19 до 0 дена пред патување се задржуваат 100% пенали.

За реализација на програмата потребен е минимум од 30 пријавени патници.

Во случај на недоволен број на патници организаторот има право да го откаже патувањето до 5 дена пред поаѓање.