ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Автобуски програми - Будимпешта
Будимпешта

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА

8-ми МАРТ

1 ден ЧЕТВРТОК (05.03.2020) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден ПЕТОК (06.03.2020) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден САБОТА (07.03.2020)-  БУДИМПЕШТА –ВИЕНА

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден НЕДЕЛА (08.03.2020) - БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.

Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ПРОМО ЦЕНА ДО29.02.2020.......89 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

*Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,

*Сместување во хотел Berlin 3***  2НП   линк: http://www.hotelberlin.hu/en

*Придружник од агенцијата за време на патувањето,

*Организација и реализација на аранжманот

 

*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра

*Крстарење со брод по Дунав - 15 евра

*Посета на Виена -25 евра

*Посета на Сент Андреа -10 евра

 

*Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ- со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

 Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)